Övünç Kutlu
28 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
ЊУЈОРК (AA) – Компанијата Фејсбук соопшти дека во вториот квартал од оваа година оствари 6,44 милијарди долари, што е за 59 отсто повеќе во однос на остваррените приходи во истиот период минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
По синоќешното затворање на Њујоршката берза, компанијата Фејсбук Инк, сопственик на најмасовната социјална мрежа во светот, објави дека во вториот квартал од оваа година оствари 6,44 милијарди долари, а во истиот период од годината приходите изнесувале значително помалку, 4,04 милијарди.
Фејсбук во вториот квартал од годината кој е заклучен со 30 јуни оствари вкупен профит од 2,05 милијарди долари, што е за 186 отсто повеќе во однос на чистата заработка остварена во истиот период минатата година кога таа изнесуваше 719 милиони долари.
Компанијата бележеше и зголемување на бројот на активни корисници, оние кои влегуваат на таа социјална мрежа секој ден и оние кои тоа го прават најмалку еднаш месечно.
Дневно на Фејсбук мрежата во период од почетокот на април до крајот на јуни во просек влегуваа 1,13 милијарди корисници. Поголемиот број од нив, дури 1,03 милијарди од тие корисници ја користат апликацијата на оваа социјална мрежа на мобилните апарати.
Зголемувањето на корисниците кои секој ден го користат Фејсбук остбарено е на 17 отсто во однос на минатата година, а на сличен начин зголемен е и бројот на корисниците кои на мрежата се пријавуваат најмалку еднаш месечно. Такви во вториот квартал од оваа година имаше 1,71 милијарда.
Вредноста на акциите на Фејсбук на берзите синоќа порасна за 6,7 отсто. Меѓутоа, аналитичарите тврдат дека дури денес ќе биде утврдена реалната вредност на акциите на Фејсбук бидејќи сметаат дека синоќешните зголемувања на вредноста се забележени под впечаток на неочекувано позитивни резултати на работење на таа компанија.