Diyar Güldoğan
09 Септември 2023•Ажурирај: 11 Септември 2023
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Еродган, денес се состана со бразилскиот колега, Луис Игнасио Лула да Силва, на маргините на самитот на Г20 во Њу Делхи, главниот град на Индија, известува Анадолу.
Собирајќи се под темата „Една Земја, едно семејство, една иднина“, лидерите на Г20, во отсуство на претседателот на Русија, Владимир Путин и кинескиот претседател, Ши Џинпинг, ќе разменуваат мислења на три сесии во текот на дводневниот самит, надевајќи се дека ќе биде направен напредок во трговијата, климатските промени и други глобални проблеми.

Ердоган е еден од лидерите кои му изразија поддршка на Луис Игнасио Лула да Силва откако стотици поддржувачи на поранешниот претседател Жаир Болсонаро упаднаа во зградата на Националниот конгрес, извикувајќи слогани и барајќи интервенција на војската.
Бразил е прв стратешки партнер на Туркије во Јужна Америка и нејзин најголем трговски партнер во регионот.