Emre Aytekin
20 Октомври 2021•Ажурирај: 21 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Странските директни инвестиции во Кина се зголемија за 19,6 % во првите девет месеци од оваа година во споредба со истиот период лани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на кинеското Министерство за трговија, директните странски инвестиции во земјата се зголемени за 19,6 % на годишна основа во периодот јануари - септември, достигнувајќи 859 милијарди 510 милиони јуани (приближно 134,7 милијарди долари).
Во наведениот период странските инвестиции во услужниот сектор се зголемени за 22,5 %, додека растот во индустријата за висока технологија изнесува 29,1 %.
Инвестираниот странски капитал, според вредноста на доларот е зголемен за 25,2 %.
Зголемувањето на директните инвестиции аналитичарите го оценија како нов знак за закрепнување на кинеската економија по епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).