Ekipa
05 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Компанијата Тесла стана највреден американски произведувач на автомобили и зад себе ги остави компаниите Џенерал Моторс и Форд, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците од Вол Стрит, произведувачот на електрични автомобили со седиште во Силиконската долина, Тесла, достигна пазарна вредност од рекордни 53,07 милијарди долари.
Така, Тесла стана повреден од својот конкурент Џенерал Моторс, кој на пазарот вреди од 49,61 милијарди долари.
Компанијата Форд, која е основана еден век пред Тесла, така падна на третото место со пазарна вредност од 45,19 милијарди долари.
Бројот на автомобили кои ги произведува Тесла е значително помал во однос со конкурентските компании ГМ и Форд.
Минатата година, Тесла продадe вкупно 40.700 автомобили, додека Форд продаде 2,6 милиони возила. Џенерал Моторс, кој во својот состав има брендови како Шевролет и Кадилак, достигна бројка од 10 милиони продадени возила, минатата година.
Пазарната вредност на Тесла порасна во пресрет на промоцијата на новиот автомобил Модел 3 којшто во основната понуда ќе чини 35.000 долари и ќе биде најевтиниот автомобил на Тесла досега.