Врз основа на анализата што ја направи новинар на АА, цената на барел сурова нафта од типот „Бренд“, кој најчесто се користи во светот, на 26 декември минатата година падна на вредност од 49,93 долари. Во четвртокот минатата недела, цената на овој бренд нафта достигна цена од 67 долари. Во споменатиот период, цената на барел нафта постигна раст од 34 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Додека зголемувањето на цената на нафтата изврши позитивен придонес врз економиите извознички на нафта, како што се Саудиска Арабија, Русија, Ирак и Кувајт, од друга страна, ова зголемување имаше негативно влијание врз економиите во земјите увознички на нафта, како што се Јапонија, земјите од Европската Унија и Турција.
Цената на барел „Бренд“, нафта која забележа раст во првите три квартали од минатата година, поради повторното воведување санкции од страна на САД врз Иран, се искачи на вредност од 86 долари по барел.
Администрацијата од Вашингтон, со санкциите врз Иран и Венецуела, предизвика намалување на глобалната понуда на нафтата на светско ниво и доведе до зголемување на нејзините цени.
Поради санкциите, се претпоставува дека Иран, кој минатата година во просек произведуваше 3,85 милиони барели нафта дневно, оваа година ќе го намали производството на 2,65 милиони барели дневно.
Освен тоа, се предвидува дека Венецуела, која во овој период, во просек дневно произведува 1,31 милион барели нафта, ќе го намали производството на 750.000 барели дневно.
Очекувањата за намалувањето на дневното производство на нафта од страна на овие две земји за 1,76 милион барели, создава голем притисок врз цените на нафтата.
- Намалување на производството од страна на ОПЕК и Русија
Договорот за намалување на производството на нафта, постигнат меѓу Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и земјите надвор од неа, со цел обезбедување на баланс во понудата и побарувачката на глобалниот пазар на нафта, предизвика зголемување на цената.
Организацијата на земји извознички на нафта, под лидерство на Саудиска Арабија и Русија, која ги предводи земјите надвор од Организацијата, на 7 декември во австрискиот главен град Виена одржа состанок на кој беше договорено во првите шест месеци од 2019 година, вкупното производство да се намали за 1,2 милион барели нафта дневно.
Доколку земјите од Организацијата на земји извознички на нафта и производителите на нафта надвор од неа, го продолжат Договорот и во втората половина од 2019 година, се очекува продолжение на растот на цените на нафтата.
Од друга страна, се претпоставува дека САД, кои станаа најголем производител на сурова нафта во светот, со зголемувањето на производството на нафтата ќе го спречат растот на цените.
Со просек од 12,1 милион барел дневно, САД во периодот од 16 до 22 февруари поставија нов рекорд во производството на сурова нафта на светско ниво.
news_share_descriptionsubscription_contact
