Zeynep Beyza Kılıç
24 Октомври 2022•Ажурирај: 26 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Цената на природниот гас по мегават-час во Европа, за една недела, заклучно со 21 октомври, се намали за 20 отсто на 113,57 евра, покажаа најновите податоци на пазарот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Договорената цена на гасот за ноември на ТТФ, виртуелната платформа за тргување со природен гас со седиште во Холандија, во петокот, на 14 октомври, изнесуваше 141,99 евра за мегават-час.
Намалувањето на побарувачката за природен гас во Европа за домаќинствата придонесе за падот на цената.
Понатаму, мерките преземени од европските земји за намалување на потрошувачката на природен гас и зголемување на стапката на зафатеност на складиштето на природен гас, што изнесуваше 93,43 отсто на 22 октомври, помогнаа во падот на цената.