Murat Temizer
22 Август 2022•Ажурирај: 23 Август 2022
БРИСЕЛ (АА) - Цената на мегават-час природен гас во Европа се зголеми за 28,6 отсто на 283,20 евра во однос на 15 август, кога изнесуваше 220,11 евра, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цената на договорот за гас во септември на TTF, виртуелната платформа за тргување со природен гас со седиште во Холандија, беше отворена денес на 266,75 евра за мегават-час.
Најавата за прекин на испораката на природен гас преку гасоводот „Северен тек“ од 31 август до 2 септември беше поттик за поскапување.
Освен тоа, за растот на цените придонесоа и сушите во Европа и постојаното зголемување на побарувачката во регионот кој се соочува со недостиг.