Nuran Erkul Kaya
07 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Европските фјучерси на јаглен продолжуваат да се зголемуваат и стигнаа до 303 американски долари за тон вчера откако Европската комисија објави забрана за увоз на руски јаглен, јавува Агенција Анадолија (АА).
На пазарот на фјучерси на јаглен АПИ2 во Ротердам, цената се зголеми за 12,5 проценти на 295 американски долари во вторникот откако Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, објави соопштение за забрана на увоз на руски јаглен.
Цените го задржаа растот, достигнувајќи 303 американски долари за тон за 4,5 проценти зголемување во споредба со затворањето во вторникот.
Фјучерсите на јаглен за мај 2022 година и јуни 2022 година достигнаа до 325 американски долари и 323 американски долари за тон.
Според бриселскиот тинк-тенк „Бригел“, ЕУ увезла 54 проценти од својот вкупен увоз на јаглен од Русија во 2020 година, додека нејзината зависност од руски термички јаглен што се користи за производство на електрична енергија изнесувала 70 проценти.
Јагленот сочинуваше 15 проценти во производството на електрична енергија на ЕУ минатата година.