Hüseyingulu Hüseyinzade
07 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
ВАРШАВА (АА) - Заменик-министерката за полски фондови и регионална политика, Малгорзата Јаросињска-Јединак, истакна дека бројот на украински бегалци кои најверојатно ќе останат во Полска е зголемен од 2.800.000 на 7.300.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јединак истакна дека Полска досега прифатила околу 2,5 милиони украински бегалци.
Посочувајќи дека еден дел од украинските бегалци заминале во други земји, Јединак рече дека според анализата, 11 милиони Украинци би можеле да ја напуштат својата земја доколку војната продолжи.
Наведувајќи дека можат да примат повеќе бегалци, Јединак рече: „Оценуваме дека 7.300.000 бегалци можат да останат во Полска.“
Високиот комесаријат на ОН за бегалци соопшти дека 4.215.000 Украинци ја напуштиле земјата од почетокот на војната на 24 февруари.