Gökhan Ergöçün
20 Јули 2023•Ажурирај: 24 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Централната банка на Република Туркије денес ја зголеми референтната каматна стапка за 250 базични поени на 17,5 отсто, што е највисоко ниво од октомври 2021 година, јавува Анадолу.
Неделната каматна стапка се зголеми од 15 на 17,5 отсто, се вели во соопштението на Банката по седмиот состанок на Комитетот за монетарна политика одржан оваа година, втор под раководство на Хафизе Гаје Еркан, новата гувернерка на Централната банка на Туркије.
Одборот за монетарна политика на Банката одлучи да „продолжи со процесот на монетарно затегнување, со цел што поскоро да се воспостави курсот на дезинфлација, би ги закотвила инфлациските очекувања и би го контролирала влошувањето на ценовното однесување“.
Во јуни Банката ја зголеми референтната стапка за 650 базични поени на 15 отсто во првото зголемување во последните 27 месеци. Стапката изнесуваше 18 отсто во септември 2021 година пред да се намали на 16 отсто следниот месец.
Според минатонеделното истражување на Анадолу, економистите очекуваа зголемување на каматните стапки за 500 базични поени, со најниска процена од 250 базични поени, а највисока од 650.