економија

Џафери- Кара: Македонија е конкурентна бизнис земја со поволни услови зa инвеститорите

Деловниот совет Турција–Македонија на Бордот за надворешно-економски односи на Република Турција има цел да го информира приватниот сектор во Турција за можностите за инвестирање во Македонија, и за новите економски политики кон странските инвестиции

Ivana Ramadanova  | 21.04.2018 - Обновена : 22.04.2018
Џафери- Кара: Македонија е конкурентна бизнис земја со поволни услови зa инвеститорите Фото: Собрание на РМ

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Македонија е конкурентна бизнис земја која нуди поволни услови за странските инвеститори и чијашто инвестиција е заштитена со важечките закони кои со последните измени нудат еднакви услови за сите инвеститори и за странските и за домашните, порача претседателот на Собранието на Р. Македонија, Талат Џафери, на работната вечера во Истанбул која ја приреди претседател на Деловниот совет Турција – Македонија на Бордот за надворешно-економски односи на Република Турција (DEİK) Билал Кара, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателскиот спикер, на вечерата беа поканети претставници на компании кои веќе се присутни со свои успешни претставништва во Република Македонија, и компании кои се заинтересирани да го прошират своето делување во Македонија и регионот, водени од позитивните искуства на другите.

„Покрај законската регулатива, еден од најзначајните фактори за атрактивноста на земјата е стабилизацијата по подолга политичка криза, а добивањето на позитивен, безусловен Извештај за напредокот, зголемената, динамика и активност во насока на добрососедските односи, се, исто така, во прилог на таа привлечност за инвестирање“, потенцира Џафери.

Спикерот на македонскиот Парламент истакна дека Собранието и Владата ќе направат сè што е во нивна моќ за да се олесни економската соработка.

Според Билал Кара, Деловниот совет Турција – Македонија на Бордот за надворешно-економски односи на Република Турција има цел да го информира приватниот сектор во Турција за можностите за инвестирање во Македонија, и за новите економски политики кон странските инвестиции, и токму затоа оваа средба е значајна затоа што економската соработка меѓу двете земји треба да го следи примерот на одличните политички односи.

Турција е на шестото место од топ 20-те земји со вкупниот прилив во Македонија. Трговската размена изнесува 462 милиони долари, меѓутоа Кара истакна дека предизвик им е достигнувањето на трговска размена до една милијарда американски долари годишно.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.