Erdoğan Çağatay Zontur
04 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
ВАН (АА) - Стапката на излечивост на леукемијата е висока, при што 85 отсто од децата кои страдаат од оваа болест имаат позитивна реакција на третманот.
Д-р Камуран Караман, педијатриски онколог на Универзитетот „Јузунџу Јил“ во Ван, Turcija, за Anadolu Agency (AA) изјави дека високата стапка на излечивост најмногу зависи од подобрената грижа за пациентот, напредните лабораториски капацитети и од подобрата класификација на високоризичните групи.
„Леукемијата може да се појави во која било возрасна група, но најмногу е застапена кај децата на возраст од 2 до 5 години“, изјави Караман и додаде: „Со добро направена класификација на висок ризик кај децата, голем број пациенти можат да се излекуваат само со хемотерапија, без да биде потребно да се изврши трансплантација на матични клетки.“
Караман нагласи дека децата со леукемија треба да продолжат со својата едукација за да ја одржат својата мотивација.
„Наставници назначени од Националното министерство за едукација доаѓаат редовно на одделите за хематологија и им држат настава на нашите деца. На овој начин, децата кои не заостануваат со нивната едукација, се чувствуваат подобро и ова многу им помага во нивното лекување“, изјави тој.
- „Леукемијата не е инфективна болест“ -
Иако многумина ја сметаат леукемијата за фатална, Караман појасни: „Леукемијата не е инфективна и не е генетски наследна болест, може да се излекува.“
Караман изјави дека поддршката од семејствата на пациентите игра значајна улога во процесот на лекување.
„Според искуството со семејствата на нашите пациенти, можеме да забележиме дека им е потребно време да разберат што всушност претставува болеста. Периодот на третман од две и пол години е многу тежок за семејствата да го надминат, потребно е трпение, а понекогаш може да биде вознемирувачки процес.“
Караман, исто така, упати повик до семејствата да им дозволат на своите деца да поминуваат повеќе време играјќи си во природа и паркови, како и да внимаваат на тоа нивните деца помалку да играат игри на интернет и помалку да бидат изложени на електронските уреди.