Vesna Besiç
09 Октомври 2016•Ажурирај: 09 Октомври 2016
КАБУЛ (AA) - Стотици деца на истокот на главниот авганистански град Кабул, наместо да одат на училиште, принудени се да работат во фабрика за да им помогнат на своите семејства, јавува Anadolu Agency (AA).
На возраст од 6-17 години, авганистанските деца овде работат тешки физички работи. Доаѓаат од сиромашни семејства кои тешко преживуваат.
Некои од нив на овој начин го враќаат долог на сопствениците на фабриките, бидејќи нивните татковци претходно земале одредена сума на пари за да ги решат здравствените или другите проблеми. Потоа, се нашле во ситуација заедно со своите деца да враќаат долгови од дневна заработка од еден долар.
Работниот ден на овие деца трае од 12 до 18 саати. Работат под силно сонце и на високи температури, неретко валкани и боси, тие не знаат за подобро утре.