Ekip
22 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
МОСКВА
Со цел мачките да бидат спасени од лошите услови на улица, а љубителите на мачките да можат да поминуваат време со нив, во главниот град на Русија, Москва, отворени се „Канцеларии за мачки“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Се работи за проект кој го реализира Фондацијата за заштита на животни од Москва. Освен што на овој начин мачките кои се на улица се засолнуваат, овозможено е граѓаните да го поминуваат своето работно или слободно време со нив.
Со оглед на тоа што бројни компании за време на пандемијата им овозможија на вработените работа од дома, „Канцелариите за мачки“ се место на кое луѓето доаѓаат со лаптоп-компјутери и каде што го поминуваат своето работно време.
На тој начин, во Москва, додека ги завршувате своите работи обврски, можете да уживате во топол пијалак, но и да ги погалите мачките.