Övünç Kutlu
15 Март 2021•Ажурирај: 19 Март 2021
АНКАРА (АА) - Извршниот директор на Тесла, Елон Маск, го смени своето официјално звање во компанијата во технокрал на „Тесла“, според пријавата поднесена денес до американската Комисија за хартии од вредност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Звањето на директорот Зак Кирхорн исто така е сменето во „господар на монетите“ и стапува во употреба од денес. Сепак, и Маск и Кирхорн ќе ги задржат своите позиции како главен извршен директор и главен финансиски директор, се вели во барањето.
„Хомосапиенс техно: Ги сака рејвот и технологијата“, напиша Маск вчера на Твитер. Тој е познат и по неговиот интерес за криптовалутите.
Додека Маск вчера го смени курсот уште еднаш во врска со неговата омилена криптовалута доџкоин пишувајќи три шеги за тоа на Твитер, „Тесла“ на 8 февруари објави дека купила биткоин валути во вредност од 1,5 милијарди долари и дека ќе започне да ја користи валутата како плаќање за своите производи.
Иако во јануари стана најбогатиот човек во светот, Маск ја изгуби таа титула на 16 февруари од челникот на „Амазон“, Џеф Безос, откако акциите на „Тесла“ се соочија со големи загуби на берзата.
Во фабриката на „Тесла“ во Калифорнија минатата недела избувна пожар, а постојат наводи дека меѓу вработените на „Тесла“ во периодот од мај до декември 2020 година имало повеќе од 450 случаи на коронавирусот.