Şenhan Bolelli
09 Август 2025•Ажурирај: 10 Август 2025
МАДРИД (АА) - Повеќе од 100 луѓе се евакуирани од своите домови како мерка на претпазливост откако избувнаа пожарите околу Мадрид, главниот град на Шпанија, и околу град Авила, известува Анадолу.
Шпанија, каде што екстремните горештини продолжуваат да влијаат, го започна викендот со пожари.
Пожари избувнаа вчера во руралните и шумските подрачја во округот Аранхуез во Мадрид и околу местото Сан Бартоломе де Пинарес во Авила, околу 100 километри северно од главниот град.
Екипите на локалната самоуправа и цивилната заштита објавија дека приближно 40 лица во станбен комплекс во Аранхуез и повеќе од 60 лица во два станбени комплекса во Сан Бартоломе де Пинарес се евакуирани како мерка на претпазливост.
Воената единица за итна помош (UME) учестуваше во напорите за гаснење на пожарот во Сан Бартоломе де Пинарес, кој го прекина железничкиот сообраќај во подрачјето, од кој беа засегнати 1.600 патници.
Автономната влада на Мадрид објави дека 13 екипи од противпожарните служби и шумските институции учествуваат во гаснењето на пожарот во Аранхуез, истакнувајќи дека напорите за гаснење се во тек.
Метеоролозите предвидоа дека екстремно топлото време ќе продолжи низ целата земја во текот на викендот со температури над 40 степени Целзиусови.