Ekip
20 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
ПЕКИНГ (АА) - Актерот Леонардо ди Каприо ја пофали Кина за својата кандидатура за борба против климатските промени, и изрази уверување дека токму Кина би можела да стане "херој" во борбата за зачувување на животната средина, јавува Аnadolu Agency (АА ).
Ди Каприо е во посета на Пекинг да го промовира филмот "The Revenant" (Повратник), кој му го донесе долгоочекуваниот Оскар.
Како гласен поборник за заштита на животната средина, Ди Каприо, минатиот месец на церемонијата на доделувањето на оскарите, ги повика светските лидери конкретно да работат во спречување на климатските промени на Земјата.
"Јас навистина мислам дека Кина може да биде херој во движењето за зачувување на животната средина и херој на целото движење против климатските промени", рече актерот Ди Каприо на прес-конференција утрово во Пекинг.
Филмот "The Revenant" во Кина пркажува од петок, а веќе на благајните заработи 15 милиони долари.