Amina Zorniç
23 Март 2016•Ажурирај: 24 Март 2016
САРАЕВО ( АА ) – Жртвите на војната, родителите и семејствата на убиените деца како и поранешните логораши имаат преголеми очекувања за утрешната пресуда на Радован Караџиќ од страна на Меѓународниот кривичен трибунал на бивша Југославија.
"Ние во овој сојуз го организиравме доаѓањето на пресудата и обезбедивме присуство на што е можно поголем број од нашите членови. Оваа пресуда ни е многу битна и очекуваме да биде осуден за сите злосторства и нанесена болка , нашите очекувања се максимална казна, иако ни тоа не би било доволно за болката на овие луѓе. Очекуваме во пресудата да биде дефинирана и улогата на соседните држави во планирање на извршената агресија на БиХ и геноцидот", изјави Јасмин Мешковиќ, претседател на сојузот на логораши во БиХ.
- Идеологијата која формира 657 логори
Пресудата на Караџиќ, Мешковиќ ја смета за историски настан на БиХ и работата на Хашкиот трибунал. Идеологијата на чие чело беше Караџиќ, дојде до формирање на 657 логори на територијата на БиХ.
“Во логорите имаше околу 200.000 логораши, беа убиени околу 30.000 мажи, жени и деца. Силувани се околу 25.000 мажи и жени. На чело на целиот тој систем беше Караџиќ, многу е битно да се покаже таа политичка одговорност”, нагласи Мешковиќ.
Пресудата, како што тој смета може да доведе до поделба на две страни меѓу населението во БиХ : од една страна се оние кои очекуваат тој да биде ослободен, а од друга страна се жртвите. Во секој случај, 24ти март ќе биде ден на тага во БиХ.
- Градење доверба по пресудата Пресудата на Караџиќ се сведува на изградба на довербата во БиХ и извлекување на порака во иднина злосторствата никогаш да не се повторат.
“Зборувам во име на жртвите, ние со таа пресуда, каква и да биде никогаш нема да се оповикаме на омраза или освета. Ќе ја дочекаме пресудата со “ладни глави”, ќе извлечеме поука и да не заборавиме -никогаш повеќе не смееме да дозволиме да има логори и злосторства, и да не дозволиме било кој да врши агресија на БиХ”, заклучи Мешковиќ.
Претседателот на здружението за родители на убиените деца, Фикрет Грабовиќ за АА изјави дека не го следел во потполност судскиот процес на Караџиќ, поради неговите чести негирања на обвиненијата.
“Судскиот процес не го пратев во целост затоа што ми беше тешко со обзир на неговото однесување во судницата, негирањето и ни трошка каење за сето она за што е одговорен. Очекувам пресудата да биде праведна и да добие казна на доживотен затвор. Одговорен е за 1.600 убиени деца во Сараево, и сето тоа е дел од планот кој тој сакаше да го реализира”, изјави Грабовиќ
- Планирано убивање на децата Убиствата на децата се планирани и организирани
“Со сигурност може да се каже дека децата се убивани намерно. Тоа го потврдува податокот дека секое десетто дете е убиено од снајпер. Во Сараево на 32 локации имаме поставено спомен плочи, каде што се извршени најтешките злосторства. Правиме се за да го сочуваме споменот на убиените деца и да дадеме придонес, ова повеќе никогаш да не се повтори”, изјави Грабовиќ за АА.
Исто така и претседателот на здружението на жртви и сведоци на геноцидот, изјави за АА дека жртвите очекуваат Караџиќ да биде осуден на доживотна казна.
“Очекуваме да бидео осуден за геноцидот во Сребреница, за геноцидот во останатите седум општини за кои се пресудува. Во друг случај, би било понижување на жртвите. Се надевам дека ќе бидеме еден чекор до правдата, чекор кон кој жртвите стремат откако Караџиќ беше уапсен во 2008 год. Силувања, масакри, логори, сите тие трауми кои жртвите ги доживеале и оваа пресуда ќе бидат дел на сатисфакција. За нас ова е најзначајна пресува која Хашкиот персонал ќе ја донесе, и сакаме да бидеме дел од присутните на таков чин”, изјави Тахировиќ.