Amina Zorniç
25 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Научниците од Одделот за географија при шведскиот Универзитет Лунд, тврдат дека пресметале оти фиктивниот лик Дедо Мраз би требало да живее во северниот дел на Шведска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Научниците за целите на ова истражување користеле сателитски снимки за да го пронајдат централното место на Земјата. Врз основа на тоа, тврдат дека пресметале оти гратчето Јокмок, во северниот дел на Шведска, би било идеално место за Дедо Мраз.
„Овој податок за некои е можеби изненадувачки, но ако погледнете глобално, можеби ќе разберете подобро. Идејата дека Дедо Мраз би требало да живее на Северниот пол е потполно погрешна”, истакна научникот Ола Хал, од Универзитетот Лунд.
Шведските научници тврдат дека токму од Јокмок, Дедо Мраз би можел рамномерно да дели подароци на Земјата.
Измислениот комерцијализиран лик на Дедо Мраз, е познат ширум светот во голем број култури. Неговиот лик посебно се појавува за време на новогодишните празници, а се карактеризира по грстот подароци за деца.
Бидејќи е прикажан како лета на санка која ја влечат ирваси, традицијата пренесува дека Дедо Мраз живее на Северниот пол.