Hacer Başer
30 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
РАБАТ
Сто и десет годишната жена од Мароко која пред 26 дена беше дијагностицирана со новиот вид коронавирус (Ковид-19), ја доби борбата против оваа пандемија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од надлежи лица од Министерството за здравство на оваа земја, 110-годишната Фатма Бенхаму била пренесена во болницата Хасан ес-Сани во градот Фес откако имала контакт со нејзина роднина заразена со Ковид-19.
По 26-дневното лекување во болница, Бенхаму успеа да ја победи во борбата против овој вирус и со аплаузи од страна на здравствените работници беше отпуштена од болница.
Инаку, во Мароко како последица на Ковид-19 починаа 202 лица, додека открени се вкупно 7.714 случаи.