Mehmet Akif Turan
07 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
ФЕС (АА) – Универитетот Каравин во Мароко е најстариот универзитет на светот, кој над илјада години опстојува и работи без прекин, пишува Anadolu Agency (AA).
Универзитетот е основан од Фатима ел-Фихри, вљубеничка во науката, во 859 година во едно населено место во стариот главен град на Мароко, Фес.
Универзитетот е изграден во периодот на династијата Фатимиди, основана од страна на Фатима ел-Фихри, ќерка на Факих Ебу Абдула Мухамед бин Абдула, која заедно со своето семејство мигрирале во градот Фес, и се преселиле во населбата Каравин.
Поради потребата на жителите на тој дел од градот за поголема џамија, изградена е џамијата Каравин, која со текот на времето станала образовен центар. По претворањето во образовен центар, таму започнале да се предаваат предмети од исламската религија како и од областа на природните науки.
- Образовен систем кој функционира над илјада години -
Универзитетот Каравин, којшто се наоѓа на листата на УНЕСКО за Светско наследство како најстар универзитет во светот, веќе над илјада години продолжува со својот образовен систем и методи на образование, иако понекагаш се случувале и одредени промени.

Образовниот процес на овој универзитет продолжува со користење на старата метода. Во центарот на џамијата се наоѓаат училници со капацитет од 20 студенти, меѓу кои и женски студенти. Студентите во училниците се распоредени да седат во круг.
Омер ел-Идриси, професор по предметот Хадис на овој универзитет, за АА говореше околу методите на предавање на предметот.
- Услов за запишување на овој универитет е да се биде хафиз, што значи да се знае Куранот наизуст -
Ејуп ел-Ијаши, студент на универзитетот, во изјава за АА истакна дека главниот услов за запишување на овој универзитет е да се биде хафиз, што значи да се знае Куранот наизуст. Тој нагласи дека освен тоа се бара и да се има познавање од некои стари текстови на арапски јазик, како и основни знаења за исламот.
Истакнувајќи дека претставува голема привилегија да се биде студент на овој универзитет, Ијаши додаде: „Ме примија да студирам и на други универзитети, но мојата цел беше да студирам на универзитетот Каравин. Поради тоа го научив Куранот наизуст, како и други знаења во врска со исламската религија, за да се подготвам за примениот испит на овој универзитет. Карактеристиките на универзитетот Каравин се тоа што традиционалниот образовен систем се користи заедно со модерниот образовен систем. Мислам дека на овој начин подобро продолжуваме со нашето образование“.

- Најстариот универзитет на светот -
Универзитетот е квалификуван од Гинесовата книга на рекорди како најстар универзитет во светот. Покрај верските студии, на овој универзитет се изучуваат предмети од областа на астрономијата, медицината, природните науки, филозофијата итн.
На овој универзитет студирале и предавале познати личности од исламскиот свет како Фатима ел-Фихри, Ибн Халдун, Ибн Ружд, Ибн Баџе, Ибн Мејмун, Еш-Шериф ел-Идриси, Абдуселам Бин Мешиш и други.