Ekipa
20 Јуни 2017•Ажурирај: 20 Јуни 2017
ЈАНГОН (АА) - Тун Наинг (30) е осуден на смртна казна поради убиство на три деца во Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
Децата им подлегнале на повредите по извршениот егзорцизам. Наинг ги призна убиствата и осуден е на смртна казна. Полициските службеници наведоа дека децата на возраст од осум месеци, две и три години се убиени во градот Танхлин. Наинг со удирање се обидел да го истера ѓаволот од нив.
Официјалните лица наведуваат дека Наинг е осуден на смртна казна, но постои можност таа да биде заменета со 20-годишна затворска казна бидејќи во оваа земја веќе одамна не се извршуваат смртни казни.