Aida Cako
09 Декември 2025•Ажурирај: 10 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Стотици сопственици на златни ретривери и нивните кучиња се собраа денес во паркoт Боскес де Палермо во Буенос Аирес, со цел да биде соборен светскиот рекорд за најголем собир на оваа раса, јавува Анадолу.
Настанот, организиран од инфлуенсерот Фаусто Дупере, собра над 1.800 кучиња заедно со нивните сопственици, одгледувачи и љубители на расата.

Сегашниот рекорд од 1.685 златни ретривери го држи Ванкувер, Канада, а аргентинските учесници се надеваат дека токму нивниот собир ќе биде официјално признаен како најголем во светот.
