Besar Ademi
16 Декември 2016•Ажурирај: 17 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Сојузот на албански ученици на Македонија, со слоганот „Алепо - срамот на човештвото“, стотици граѓани се собраа пред џамијата „Мурат Паша“ во Старата скопска чаршија, во знак на солидарност со лошата состојба на сирискиот народ во градот Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Членовите на Сојузот на албански ученици велат дека Алепо се масакрира и дека тој антички град се уништува, а од друга страна светот молчи и стои настрана. Тие истакнуваат дека сега е време светот да му помогне на Алепо, да покаже солидарност со сирискиот народ.
„Алепо се масакрира и ситуацијата во овој свет град е катастрофална. Само во последните 20 дена, 900 невини луѓе ги загубија животите, од кои десетици се невини деца, а болниците беа бомбардирани“, рече Берна Вата од Сојузот на албански студенти.
„Тоа што сме собрани тука денес е многу убаво, бидејќи ги покажуваме нашите идеи и култура. Тука сме да ѝ укажеме на јавноста за случувањата во Алепо, и заедно да му покажеме на светот дека ние сме со Алепо“, истакна Ебри Зендели од Сојузот на албанските ученици.
На просторот пред џамијата „Мурат Паша“ организаторите одлучија да стават фотографии на кои се прикажани тешкотиите на сирискиот народ, беа прочитани молитви, а се одржа и погребна молитва за невините луѓе во Сирија кои починаа како резултат на бомбардирањата.
Во меѓувреме, во градот Алепо се прават обиди за евакуација на населението, но повремено терористичките групи поддржувачи на режимот на Башар ал Асад вршат напади. Околу 800 лица, при обидот за евакуација со автобуси и други возила, биле земени како заложници од страна на терористичките групи.