Associated Press
30 Септември 2019•Ажурирај: 01 Октомври 2019
ИНДЕПЕНДЕНС
Удар од гром го усмрти маратонецот Томас Стенли пред самиот крај на трката во американската сојузна држава Мисури, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случи за време на трката „FlatRock“ на 50 километри, која се одржа синоќа во Илк сити стејт парк, кој се наоѓа 240 југозападно од Канзас Сити.
Организаторите соопштија дека 33-годишниот Стенли им подлегнал на последиците од ударот на громот пред самиот крај на трката.
Локалните медиуми информираа дека многу тркачи безуспешно се обидувале да го реанимираат Стенли, а директорката на трката, Керолин Робинсон, изјави дека медалот наменет за победникот ѝ е врачен на сопругата на Стенли.
Стенли беше татко на три деца и работел за непрофитната организација „Lidership Center“ во Канзас.