Vesna Besiç
23 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Десетици членови на еден зимски пливачки клуб облечени во костими на Дедо Мраз учествуваа во трката „Санта Клаус" во Новосибирск, северно брегот на источен Сибир, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај температурата од минус десет степени, членовите на пливачкиот клуб во шорц и капи на Дедо Мраз трчаа низ улиците на овој град. По завршувањето на трката, пливаа во базенот кој беше опкружен со снег и мраз.
Новосибирск е трет по големина град во Русија. Од Москва e оддалачен околу 3.300 километри, најголемиот град во Сибир и административен центар во Новосибирската област и Сибирскиот сојузен округ.
Овој град веќе се подготвува за божиќните и новогодишните празници со различни активности.