07 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
ПАМПЛОНА (АА) - За време на традиционалната трка на бикови во Памплона, Шпанија, повредени се најмалку 5 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Медицинските службеници, кои ја надгледуваат трката, соопштија дека за време на традиционалниот фестивал, повредени се 5 лица. Најмалку едно лице беше носено на роговите на еден од биковите кои учествуваа во трката.
Портпаролот на Црвениот крст, Жозе Aлдаба, изјави дека луѓето се хоспитализирани само неколку минути по почетокот на трката која се одржува во северниот шпански град.
Дождот, кој паѓаше пред трката, предизвика дополнителни пречки, бидејќи тесните улици се лизгави. Биковите тежат меѓу 550 и 630 килограми.
Фестивалот „Сан Фермино“, кој ќе трае девет дена, стана светски познат, благодарение на романот на нобеловецот Ернест Хемингвеј „Сонцето повторно се раѓа“ од 1926 година.