ДАР ЕС СЕЛАМ (АА) - Островот Занзибар во Африка со својата култура и архитектура ги носи трагите на африканската, арапската, индиската како и на европската цивилизација, пишува Anadolu Agency (AА).
Занзибар, основан од страна на мигрантите од Иран, којшто името го добил од персискиот збор „зенги бар“ што значи „брегот на црнците“, е еден голем остров каде арапските и персиските заедници ги оставиле своите траги, и кој со години бил владеен од страна на Португалците, Оманците и Англичаните.
Најстарото населено место на островот Занзибар, кој денес е дел на Танзанија, Стоун Таун, во 2000 година влезе во Листата на УНЕСКО за светски наследства.

Архитектурата и културата кои ги носат трагите на африканската, арапската, индиската и на европската цивилизација се првите дистинктивни карактеристики на Занзибар, по коишто се од другите градови во светот. Во овој град, каде што во тек се реставрации на голем број згради, посетителите речиси одат на патување назад низ историјата.
Посетителите, кои под жешкото сонце се шетаат низ тесните улици на Занзибар од каде е невозможно да помине автомобил, не бараат ништо друго туку само да се под сенката на куќите изградени од камен. Низ малите улици, низ кои порано биле водени робовите, денес шетаат многу белци, кои локалните жители ги нарекуваат „Мзунга“, и извлекуваат поука од минатото.
- Место каде што занаетот е претворен во уметност -
Пред или до вратите на скоро сите куќи во градот има скали. Овие скали се направени за пречекување на гостите, а истовремено е место каде им се нуди кафе или слатко на гоститe.
Овие скали кои ја продолжуваат традицијата, се користат и за играње на играта наречена „Бао“ од страна на локалните жители. Жените седат на овие скали и разговараат со нивните сосетки, а во врнежливиот период ги користат за да преминат до соседната куќа.
Еден од деталите кои привлекуваат внимание во архитектурата на градот се изрезбаните врати. Највпечатвливиот детал на Занзибар, а може слободно да се каже и симбол на овој остров се претставуваат „Занзибарските врати“, масивни изрезбани дрвени врати кои ги красат влезовите на локалните куќи.
Зградите, пак, изградени од камен ги красат долгите дрвени балкони како и прозорците кои се отвараат нанадвор.

- Најстарите дела од Супсахарска Африка се наоѓаат на островот -
Според историските извори, на островите Занзибар и Пемба биле формирани голем број градови во периодот на абасидскиот калиф Харун ер-Решид.
Во текот на археолошките ископувања откриена е џамија со капацитет за 70 лица, која е изградена во 10. век. Археолозите тврдат дека на тоа место и претходно имало две џамии, едната од камен другата од дрво, изградени во 8. и во 9. век, што претставува најстариот споменик во Супсахарска Африка.
Освен тоа, во ископувањата во 1865 година во регионот Унгуја Уку, пронајдени се динари кои датираат од 797 година.
- Трагите на ропството се наоѓаат насекаде низ островот -
Скоро секоја улица на островот поседува траги од периодот на ропството. Тука може да се сретнат величествени куќи кои им припаѓале трговеците со робови. На местото на стариот пазар на робови и местото каде што се чувани робовите денес се наоѓа голема црква.
Робовите донесени во градовите Килва и Багамојо на Танзанија со арапски бротчиња коишто пловат со едро, биле затворани во затворите во подрачјето
Носени се робови од различни култури, кои зборуваат различни јазици, во своите племиња биле занаетчии, а некои музичари. Затвораните робови без да имаат можност меѓусебно да комуницираат, ја делиле истата судбина. Телата на загинатите робови биле оставани покрај патиштата.
Првото нешто што го правеле трговците со робови штом стигнеле на Занзибар било да одат на царина и да платат данок за робовите кои успеале да ги донесат живи.
Децата и жените биле најскапи робови. Во втората поливина на 19. век имало голем пораст на пазарите за робови. Крајната станица на робовите продавани на овие пазари понекогаш била Јужна Африка, а понекогаш Индија.
- „Арапите биле принудени да го напуштат островот“ -
Истражувачот Амир Мухамед, историчар и истражувач на историјата на Занзибар, во разговор за АА истакна дека во 8. век Персијците биле првите кои стапнале на островот, и истакна дека во Занзибар е направена голема промена со доаѓањето на Арапите.
Нагласувајќи дека пред 200 години Занзибар бил прифатен како муслиманско-арапска земја, Мухамед вели дека после тоа дошле Европејците во регионот кој во светот бил познат по трговијата со робови и слонова коска.
Мухамед кажа дека собраните слонови коски и робови од островот биле продавани на Блискиот Исток и во Европа. Тој истакна дека пред револуцијата во 1964 година, во Занзибар живееле 60.000 Арапи како и околу 500 Европејци, а потоа поголемиот дел од Арапите биле принудени да ја напуштат земјата.
Мухамед нагласи дека моментално на островот живеат само 2.000 Арапи, а тука се и Танзанијците кои доаѓаат овде за да најдат работа. Тој истакна дека денешната влада не е англиска, туку африканска, како и тоа дека моменталната влада успеала да ја соедини земјата.