Adam Abu-bashal
31 Декември 2019•Ажурирај: 02 Јануари 2020
АБУЏА (АА) – Во јужноафриканската земја Зимбабве, повеќе од половина на населението се соочува со глад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-директорот на Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) за Зимбабве, Нилс Балзер, соопшти дека повеќе од половина од населението на земјата се соочува со глад.
Посочувајќи дека проблемот со гладот потекнува од сушата во земјата, Балзер рече дека се започнати активности за намалување на проблемот со гладот во земјата.
Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) соопшти дека ќе достави помош од храна на 4,1 милиони луѓе во Зимбабве, кој се соочува со глад како резултат на сушата и економските проблеми.
Во Зимбабве 5,5 милиони луѓе немаат безбедна храна во руралните области, каде што земјоделската продуктивност е намалена како резултат на намалените сезонски врнежи од дожд. Во градовите 2,2 милиони луѓе немаат доволно храна и вода.
Во земјата со население од 14 милиони, електричната енергија и водата може да се користат во одредени периоди од денот. Населението има потешкотии при купување храна поради хиперинфлацијата во земјата предизвикана од економската криза.