Gökhan Kavak
04 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
АБУЏА (АА) - Најстарата желка во Африка која живееше во Нигерија почина на 344-годишна возраст, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција на Нигерија, 344-годишната желка Алагба, која живееше во нигериската сојузна држава Ојо, почина како резултат на болест.
Се вели дека останките на желката ќе бидат заштитени како историско наследство.
Алагба поголемиот дел од животот го помина во палатата Огбомосо.