свет, живот

Почина угандската атлетичарка Чептегеи, пет дена откако ја запали нејзиниот партнер

Чептегеи била полеана со бензин и запалена во неделата за време на расправијата со партнерот Диксон Ндиема Марангач

Andrew Wasike  | 05.09.2024 - Обновена : 07.09.2024
Почина угандската атлетичарка Чептегеи, пет дена откако ја запали нејзиниот партнер

НАЈРОБИ (АА) - Угандската атлетичарка Ребека Чептегеи (33), која неодамна се натпреваруваше во трката на 10.000 метри на Олимписките игри во Париз, почина во болница денес, по пет дена откако ја запали партнерот во нејзиниот дом во западниот округ Транс Нзоја, во Кенија, јавува Анадолу.

Овен Менах, директор за клинички услуги во болницата за обука и консултации Мои во Елдорет, утрово за медиумите ја потврди веста за нејзината смрт.

Џеремаја Оле Косиом, полициски командант на округот Транс Нзоја, за медиумите изјави дека Чептегеи била полеана со бензин и запалена во неделата за време на расправијата со партнерот Диксон Ндиема Марангач.

Во инцидентот со изгореници се здобил и Марангач, кој се наоѓа на лекување во истата болница.

Чептегеи се здобила со 80 отсто изгореници по телото и итно е пренесена во болницата во Елдорет, каде што е примена на Одделот за интензивна нега.

Во регионот имаше и претходни инциденти со насилство врз спортистки.

Агнес Тироп, кениска атлетичарка на долги патеки, беше избодена до смрт во нејзиниот дом во Итен во октомври 2021 година од страна на сопругот.

Дамарис Муте Мутуа, кениска атлетичарка на долги патеки, беше пронајдена мртва во нејзината куќа во Итен во април 2022 година. Нејзиното момче, Етиопјанец, кој беше осомничен за убиството, подоцна беше пронајден мртов во Етиопија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın