Adam Abu Bashal
04 Декември 2019•Ажурирај: 05 Декември 2019
АБУЏА
Поројните врнежи од дожд во северниот дел на Уганда предизвикаа поплави и свлечишта во кои животот го загубија најмалку 30 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, во северозападните делови на земјата, во подрачјето Будуда, повеќечасовните врнежи од дожд предизвикале поплави и свлечишта.
Во овие природни катастрофи, животот го загубија најмалку 30 лица, а голем број куќи се поплавени.
Џералд Фунго, претставник на регионалната власт, истакна дека се претпоставува оти е можно под земјата да се останати голем број луѓе.
Свлечиштата во Будуда, што се наоѓа во близина на планинско подрачје, во 2010 година одзедоа најмалку 100 животи.