Mustafa Güngör
15 Септември 2016•Ажурирај: 16 Септември 2016
МЕРСИН (АА) - Ќе завршат проблемите за процедурата за виза на сопругата и двата сина на сирискиот мигрант Осама Абдул Мохсен, кои останаа во Мерсин. Осама Абдул Мохсен стана акутелен кога со своите два сина, бегајќи од унгарската полиција, падна на земја поради тоа што беше сопнат од една унгарска снимателка (камерман). Тој по овој настан, со неговите двајца синови почна да живее во Шпанија, јавува Anadolu Ageny (AA).
Обидите на Абдул Мохсен да ги повлече сопругата и другите два сина од Турција резултираа позитивно. Инаку, тој со своите синови живее во Шпанија.
Мохсен е многу среќен поради тоа што во брзо време ќе се решат визните проблеми на сопругата и двајцата синови.
Во изјава за АА, мајката Мунтаха Мохсен истакнува дека поради визните проблеми, нејзиното семејство е поделено на два дела. „Јас, Мухамед и Дуа сме во Турција. Сопругот и другите деца Мухамед, Заид и Усаме сега се во Шпанија. Заид го немам видено година и пол. Тој е најмалиот син. Многу сум загрижена затоа што не се сум со нив. Не се гледаме веќе два бајрами, не можеме да се видиме. Овој Бајрам го поминуваме во загриженост“.
Истакнувајќи дека визните проблеми се решени и дека ако не излезе некој друг проблем, на крајот на Бајрам ќе одат во Шпанија, Мохсен рече:
„Многу сме среќни. За брзо време сакаме да се видиме. Стоејќи еден покрај друг, можеме да ги заборавиме болките што ги создаде војната. Ние страдавме многу. Сѐ уште ги носиме траумите од војната. До решавањето на проблемот со визата, ќе бидам заедно со семејството“.
- Благодарност до турскиот народ -
Најголемиот син на Мохсен, Мухамет Мохсен (19) раскажа дека е многу среќен поради тоа што ќе биде заедно со својот татко и своите браќа.
Тој вели дека долго време ги нема видено таткото и браќата. „Добивањето виза за нас е среќа, многу се радувавме. Дај Боже оваа радост и среќа да продолжи и кога ќе одиме во Шпанија. Таму заедно ќе живеме со семејството. Ќе се прегрнуаме цврсто. Ќе дојде денот кога ќе јадеме на иста маса. Не можеме да ја искажеме радоста за ова“.
Мохсен истакна дека се решени сите проблеми со процедурата во врска со визите:
„На овој Бајрам, добивањето виза за нас претставуваше двојна радост. Поради ова, многу сме среќни. Не можам да најдам зборови. Се радуваме за тоа што ќе бидеме заедно. Следниот Бајрам дај Боже да го поминаме заедно со семејството. Ова ќе биде последен Бајрам во Турција. Од сега натаму, бајрамите ќе ги празнуваме заедно со татко ми и со браќата во Шпанија“.
Истакнувајќи дека многу ја сака Турција, Мохсен рече: „Ние Турција ја сакаме како наша земја. Работев во Мерсин и во Истанбул, и Турција ја сакам како своја земја. Не се чувствуваме како странци. Поради ова, многу му се заблагодарувам на турскиот народ. Господ нека им е на помош. Со нас добро се однесуваа. Направија да се чувствувме како во нашата земја“.