Erdoğan Çağatay Zontur
18 Јануари 2019•Ажурирај: 19 Јануари 2019
ШАНЛИУРФА (АА) - Сириските Курди, кои се засолнија во Турција откако својата земја во која владееше насилство ја напуштија поради заканите и нехуманите акти на терористичката организација ЈПГ/ПКК, сонуваат да се вратат дома што е можно поскоро, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската југоисточна област Шанлиурфа е дом на повеќе од 500.000 мигранти, а 48.000 ученици се едуцираат таму.
Кусај Хасан, кој е ученик во привремениот образовен центар во подрачјето Халилије, за АА изјави дека тој и неговото семејство не биле во можност да се вратат во својот дом во областа Хасака.
„Не се чувствувам како аутсајдер во Турција. Можам да комуницирам на курдски, арапски и турски. Се надевам дека конфликтот во Сирија ќе заврши наскро и ќе можеме да се вратиме во своите домови“, изјави Хасан.
Ајсер Бозан (11), уште еден курдски ученик кој избегал во Турција од сирискиот Ајн ал Араб (Кобани), изјави:
„Луѓето во Турција се многу љубезни кон нас, сепак, копнееме за нашата татковина. Ќе се вратиме во Кобани доколку завршат тешките времиња таму. Турција е убаво место, но ниту едно место не е како дома“.
Турција, која е дом на најмногу Сиријци од која било земја во светот, од почетокот на граѓанската војна нуди секаков вид поддршка на сириските семејства, без оглед на нивната етничка припадност или религија.
Децата на мигрантските семејства се среќни што добиваат едукација во безбедна околина.
Турција има потрошено над 32 милијарди долари од своите национални ресурси за помош и засолнување на сириските бегалци од 2011 година.