Selçuk Kızıldağ
24 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
ЕСКИШЕХИР (АА) - Младенци во Турција денеска прво го посетија избирачкото место, а потоа застанаа на „лудиот камен“ и покажаа пример за граѓанска одговорност на претседателските и парламентарни избори во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Невестата Јасемин Алинташ во венчаница и во придружба на младоженецот Ибрахим Накаш денеска гласаше на гласачкото место во Ескишехир.
Младиот пар прво ја исполни својата граѓанска должност и се упати кон свадбениот салон, во кој денес ќе го кажат судбоносното „да“ и ќе стапат во брак.
Младоженецот Накаш за новинарите изјави дека неговата невеста гласала, а дека и тој пред свадбата гласал на неговото избирачко место во Билеџик.
Невестата Алинташ изјави дека е среќна што ќе се венча на денот на историските избори во Турција.
„Датумот на свадбата беше одреден претходно, и пријатно се изненадивме кога изборите се закажаа за овој ден. Сакаме Бог да ни даде среќа и нам и на државата“, нагласи невестата.
Околу 60 милиони бирачи во Турција бираат претседател на државата и новиот состав на Парламент, односно Големото народно собрание на Република Турција.
Станува збор за важен изборен процес по кој Турција ќе премине од парламентарен на претседателски систем на управување, што беше изгласано на минатогодишниот референдум во оваа земја.