Salim Taş
22 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
ХАТАЈ (АА) - Сириските деца кои од со војна зафатената земја дојдоа во Хатај, Турција, имаат една желба а тоа е свет во којшто владее мир, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириските деца кои заедно со семејствата, пријателите и соседите останаа во живот, засолниште пронајдоа во Турција. Овие малишани чии срца се исполнети со тага и болка покрај сите претрпени маки сакаат „свет во кој нема војна, во кој не умираат деца и во кој можат слободно да трчаат"
Секако, нивната желба е да се вратат во земјата во која се родени, но и Сирија повторно да се изгради и да биде земја во која е можен убав живот.
Тринаесетгодишниот Абдулрахман Некар од Идилб, Сирија, дојде со својата мајка и браќа. Тој, секако, сака да се врати во Сирија каде што имал среќно детство.
Тој вели дека светот молчи за војната во Сирија, но дека неговата земја повторно „ќе застане на нозе". Меѓу сириските деца во Турција е и Нуредин Хасун кој го изгубил својот татко и многубројната фамилија.
Тој истакна дека е тажен поради смртта на многубројните дечиња во Сирија.
„Во војната изгубив неколку пријатели. Доста е веќе, нека не умираат луѓето", порача Хасан. И тринаесетгодишниот Хусем Хачи пред 4,5 години од Алепо во Хатај дошол со своето семејството.
Во овој турски град изнајмиле куќа и се обидуваат да имаат нормален живот.
"Ми недостига мојата земја. Се надевам дека војната ќе биде завршена и дека ќе се вратиме во своите домови", додаде момчето.