Elif Ferhan Yeşilyurt
01 Декември 2018•Ажурирај: 02 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Автомобилот „Ferrari 488 Pista“, од страна на магазинот за автомобили „BBC Top Gear“ е избран за Супер автомобил на годината, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го даде автомобилската компанија „Ferrari“, на моделот „488 Pista“, од страна на едно од водечките светски списанија „BBC Top Gear“ доделена му е наградата „Супер автомобил на годината“.
Заедно со оваа награда, „Ferrari“ ја освојува својата 16. награда, доделена од страна на „BBC Top Gear“. „Ferrari 488 Pista“, со своите специфичности и моќност од 710 коњски сили успеа да постигне голем успех, добивајќи поддршка од сите членови на жири-комисијата.
Моделот „Ferrari 488 Pista“ од автомобилската компанија „Ferrari“, која доби пофалби од жири-комисијата на „BBC Top Gear“, уште еднаш ја потврди својата супериорност, освојувајќи ја 4. меѓународна награда оваа година.