Özkan Bilgin
10 Септември 2016•Ажурирај: 12 Септември 2016
ВАН (АА) - Пчеларот Aбдулвахап Семо во областа Чатак во турската провинција Ван, веќе со недели се обидува да го собори несекојдневниот рекорд привлекувајќи на себе да застанат милиони пчели, јавува Anadolu Agency (AA).
Во разговор за АА, Семо истакна дека во една прилика на интернет видел дека во Гинесовата книга на рекорди постои и „човекот со најмногу пчели на него" и дека одлучил да се обиде неговото име влезе во оваа рубрика.
Семо со помош на неговиот брат Хади, кој исто така е долгогодишен пчелар, неколку пати се обиде да го сруши рекордот а последниот обид го сними со камера од мобилен телефон привлекувајќи големо внимание во јавноста во Турција и пошироко.
„Со секој обид го зголемувавме бројот на пчелите, а последниот пат на себе привлеков пчели од шест сандаци. Во суштина добивам позитивни критики, но многу ме предупредуваат дека се изложувам на голем ризик", рече Семо.
Со оглед на тоа што во секој обид претрпува десетина каснувања од пчелите, Семо вели дека повеќе од 30 години се занимава со пчеларството и дека има стекнато значително имунитет на нивниот отров.
„Се трудам да не ги налутам и испровоцирам пчелите кога ги собирам на своето тело. Јас пораснав со овие суштества и го разбирам нивниот јазик. На телото не ставам ништо за да ги привлечам на себе, но исто така и додека работам не го користам пчеларскиот костум. Едноставно го тресам сандакот врз себе. Доколку добијам поддршка поддршка, желба ми е да го запишам моето име во Гинисовата книга на рекорди и да ја промовирам нашата земја", изјави Семо.