Mesut Varol
03 Мај 2018•Ажурирај: 05 Мај 2018
ВАН (АА) - Реткиот и загрозен вид, ван-мачките, кои живеат главно околу езерото Ван во источна Турција, и се карактеризираат со свиленикаво бело влакно и кафено-сини очи, се едни од ретките од фамилијата мачки кои сакаат да пливаат. По тој повод во Ван ќе се градат специјални базени наменети за овој вид мачки, јавува Anadolu Agency (AA).
Ван-мачките, кои се карактеризираат со една весела природа и изразена наклонетост кон водата и пливањето, признати се во 1969 година од страна на Меѓународната фелинолошка федерација. Со оглед на природата и карактеристиките, ван-мачката се смета за најважно живо културно наследство на градот Ван, но и пошироко.

Истражувачкиот центар на Универзитетот YYU во Ван работи на заштитата на овој вид мачки преку серија проекти, а директорот на Центарот, Абдула Каја, во разговор за АА, рече дека во тек е проектот за изградба на посебни базени, во кои ќе пливаат ван-мачките.

„Ван-мачката е единствена од своето семејство која плива. Со оглед на тоа дека ван-мачките ги чуваме на едно место, беше неопходно да им обезбедиме базени во кои тие ќе можат да пливаат. Така за нив почнавме да правиме посебни базени“, изјави Каја.
Говорејќи за тоа дека мачките привлекуваат туристи од сите делови на светот, Каја рече дека на месечно ниво, Ван го посетуваат околу пет илјади туристи.