Cüneyt Çelik
12 Декември 2021•Ажурирај: 13 Декември 2021
КАРС (АА) – Голем број домашни и странски туристи одлучија да го искористат викендот за посета на делумно замрзнатото езеро Чилдир, во турската област Карс, јавува Агенција Анадолија (AA).
Чилдир е второ по големина езеро во источна Анадолија, а особено за време на викендите привлекува многу посетители кои сакаат да одат по мразот или да се возат со санки што ги влечат коњи. Дел од нив одлучија да танцуваат на замрзнатото езеро.

Иако многумина беа возбудени што првпат имаат можност да одат по замрзнатото езеро, некои посетители сепак не се осмелија да го сторат тоа.

Ертан Дашдемир управува со санки што ги влечат коњи и рече дека најмногу посетители има за време на викендите.
За посетителите се подготвува оброк со топол чај што ќе ги загрее при посетата на езерото.