Yusuf Özcan
15 Септември 2021•Ажурирај: 17 Септември 2021
ПАРИЗ (АА) - Поранешни модели, кои биле сексуално нападнати од Жералд Мари, сопственик на француска агенција за модели, побараа да се смени законот за сексуален напад и силување во Франција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Околу 15 модели, меѓу кои Кери Отис и Лиса Амур од САД и Швајцарката Еба Карлсон, преку видеоконференција присуствуваа на настанот во францускиот Сенат на кој учествуваше сенаторката Натали Гуле.
Измена на законот во Франција бараат поранешните модели кои тврдат дека биле сексуално нападнати и силувани од Жералд Мари, поранешниот сопственик на француската агенција за модели „Elite Model“ во 1980-тите и 1990-тите години, а не се во можност да започнат правен процес против Мари бидејќи изминале повеќе од 20 години од инцидентот, што настанот го прави застарен.
Кери Отис, во својата изјава, наведе дека откако поминале години сфатила што ѝ се случило и јавно може да зборува за сексуалниот напад.
Сенаторката Гуле рече дека го поддржува барањето на поранешните модели за промена на законот.
Ана-Клер ле Жен, адвокатката на поранешните модели, изјави дека сака да се слушне гласот на нејзините клиенти и дека има многу жртви кои не можат да ја добијат правдата поради временската регулатива во законот за кој станува збор.
Ле Жен истакна дека правниот процес станал уште потежок будејќи нејзините клиенти се странски државјани.