Ekipa
09 Мај 2019•Ажурирај: 11 Мај 2019
ТЕКИРДАГ (АА) - Маре Жардин (53) се одлучил на несекојдневно патување, со трактор да стигне од Франција до Индија, пишува Anadolu Agency (AA).
Стариот трактор со караван во приколката предизвикува интерес на граѓаните на земјите низ кои минува.

Французинот вели дека има намера со трактор да пропатува низ светот. Како што раскажа, во караванот има сѐ што му е потребно.
„Од Франција одам во Индија. Се надевам дека тоа ќе биде убаво патување за мене. Не сум загрижен. Ова е мојот живот и го сакам. Сѐ што ми е потребно имам во караванот - кревет, печка, ормар...“, изјави Жардин кој моментално се наоѓа во Турција.