Ekipa
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
ШРИНАГАР (АА) - Индискиот официјален претставник изјави дека кашмирските демонстранти ги нападнале владините сили фрлајќи камења врз нив и дека запалија оклопно возило за време на погребот на двајца бунтовници кои загинаа во престрелка во спорната област на Хималаите, јавува Anadolu Agency (AA).
Налин Прабхат, висок офицер на индиските сили, рече дека судирите избиле утринава, кога полицијата се обидела да ги растера со солзавец неколкуте илјади луѓе кои протестирале за убивањето на бунтовниците.
Прабхат изјави дека еден од двајцата убиени бунтовници е Насер Пандит, поранешен полицаец, кој минатата година им се приклучил на милитантите.
Бунтовниците од 1989 година се борат за независноста на Кашмир од Индија или за спојување со Пакистан, под чија контрола е другата територија во западниот дел. Над 68.000 луѓе се убиени во судирите помеѓу милитантите и индиските сили.