Dildar Baykan
02 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американските разузнавачки служби тврдат дека кинеските власти го лажирале бројот на заразени и починати во екот на епидемијата на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Повикувајќи се на сведочењето на тројца неименувани високи официјални претставници на САД, медиумската куќа „Блумберг“ (Bloomberg) објави вест дека кинеските власти во јавност објавиле значително помал број од вистинскиот биланс на заразени и починати лица од коронавирусот.
Американските разузнавачки агенции направиле и извештај за кинеското намерно прикривање на вистинската епидемиолошка слика во таа земја и извештајот го доставиле до Белата куќа.
Истиот извор јавува дека кинеските власти во јавноста објавиле само дел од епидемиолошката слика која вклучува само симптоматски случаи на коронавирусот, за што сведочат и наводни снимки на илјадници тела на починати во покраината Хубеи.
Американските разузнавачи ги обвинија властите на Иран, Русија, Северна Кореја, Саудиска Арабија и Египет за криење на вистинската национална епидемиолошка слика.
Коронавирусот се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година, а потоа се шири во најмалку 180 земји и територии. Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март прогласија пандемија на Ковид-19.
Според податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, во светот со коронавирусот се заразени над 911.308 луѓе. Од Ковид-19 починаа 45.497 лица, а излечени се над 191.673.
Во Кина, според официјалните податоци, со коронавирусот заразени се 82.1361 лица, а починале 3.316 заболени. Во САД заразени се 203.608 лица, а починале 4.476 лица.