Adam Abu-bashal
14 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 104 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 6.805 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.359.569.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 121 лице, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 32.678.
Во Африка има 222.844 активни случаи чие лекување е во тек, додека бројот на излекувани лица се искачи на 1.104.047.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (15.477 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.648) и Алжир (1.612 смртни случаи).
Најмногу случаи со Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (649.793), по која следуваат Египет (101.009) и Мароко (86.686).
Во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.