Adam Abu-bashal
12 Декември 2020•Ажурирај: 13 Декември 2020
АБУЏА
Бројот на оздравени од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 2 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, вкупниот број лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.358.608.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 399 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 55.756.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (22.952), по која следуваат Мароко (6.542) и Египет (6.877).
Во Еритреја и на Сејшелските Острови досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (845.083), по која следуваат Мароко (394.564) и Египет (120.611).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 2.003.870 лицa.