Nuri Aydın
12 Декември 2020•Ажурирај: 13 Декември 2020
АНКАРА
Бројот на починати поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1,6 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 1.601.452 лица во светот починаа како резултат на овој вирус.
Најмногу смртни случаи се регистрирани во Соединетите Американски Држави (САД), каде починаа 302.762 лица.
По САД следуваат Бразил (180.453), Индија (142.662), Мексико (113.019), Велика Британија (63.506), Италија (63.387), Франција (57.567), Иран (51.727), Шпанија (47.624), Русија (45.893) и Аргетина (40.606).
Бројот на откриени случаи на Ковид-19 во светот изнесува 71.451.695, додека од овој вирус оздравеа 49.652.044 лица.