Adam Abu-bashal
18 Декември 2020•Ажурирај: 20 Декември 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 2 милиони и 646 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 20.279 нови случаи на Ковид-19.
Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.646.185.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 383 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 57.910.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (24.011), по која следуваат Мароко (6.804) и Египет (7.015).
Во Еритреја и на Сејшелските Острови досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (892.813), по која следуваат Мароко (409.746) и Египет (123.701).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 2.081.503 лица.