Ekip
17 Декември 2020•Ажурирај: 19 Декември 2020
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека се согласиле заедно со Ирак да ја продолжат борбата против терористичките групи, нагласувајќи дека регионот нема да има мир без целосно да се искорени тероризмот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со (ирачкиот премиер Мустафа) Казими се согласивме да ја продолжиме борбата против нашите заеднички непријатели, односно терористичките организации ДЕАШ, ПКК и ФЕТО“, рече Ердоган, на заедничката прес-конференција со ирачкиот премиер, Мустафа Казими, одржана по средбата и потпишувањето на некои договори во Анкара.
„Турција придава важност на зачувувањето на политичкото единство и територијалниот интегритет на Ирак. Подготвени сме за секој придонес во насока на реконструкцијата“, додаде Ердоган.
Турскиот претседател нагласи дека неговата земја ги смета за вистински браќа граѓаните на Ирак.
„Нема место за сепаратистичкиот тероризам ниту во иднината на Турција, ниту на Ирак ниту пак во иднината на Сирија“, рече тој.
„Нашиот регион нема да има мир без целосно да се откорне тероризмот“, нагласи Ердоган.
Претседателот на Турција истакна дека сметат оти лесно може да постигнат трговска размена од 20 милијарди долари помеѓу двете земји.
Од друга страна, ирачкиот премиер рече дека Турција е значајна земја во Средниот Исток, и дека е еден од најважните економски партнери на Ирак.
„Невозможно е Ирак да толерира било кака формација која е закана за Турција“, нагласи Казими.
Ирачкиот премиер Казими истакна дека во соработка со Турција, ќе ги реконструирааат урнатините предизвикани од страна на терористичката организација ДЕАШ.