Adam Abu-bashal
30 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент се искачи на 1.241.912, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 8.547 случаи на Ковид-19.
Во последните 24 часа починати се 331 лице. Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.241.912.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (13.981 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.376) и Алжир (1.491 смртни случаи).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи со Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (622.551), по која следуваат Египет (98.497) и Мароко (60.056).
Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 972.908 лица.